Утрински Весник
Македонија

Милошоски најави средба со Русковска на која ќе и достави аудио материјал поврзан со „Рекет“

Милошоски најави средба со Русковска на која ќе и достави аудио материјал поврзан со „Рекет“

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Утре во 9:00 часот на моја иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со Вилма Русковска. Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил.

Тој додава дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина, како што пишува, „произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ“.

Се надевам, додава Милошоски, дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор на Муцунски со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа

Викендов 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило

Една година болка – 63 млади животи згаснаа во „Пулс“, Македонија не заборава