Утрински Весник
Магазин

Мили Боби Браун најплатена актерка на возраст под 20 години

Мили Боби Браун, најпозната по улогата Илевен во серијата Stranger Things, е најплатената  млада актерки на годината, според новиот извештај на „Вараети“.

dobivaj vesti na viber

Браун го заслужи своето место како една од најрелевантните млади ѕвезди во Холивуд. Таа направи голем исчекор благодарение на улогата Илевен во хит-серијата на „Нетфликс“, и оттогаш ја прошири својата актерска кариера, истовремено градејќи силен личен бренд.

Браун, која беше избрана за оваа улога на 12 години, не само што се појави во филмови како „Годзила против Конг“ и „Енола Холмс“, туку истражуваше и други потфати – дизајнирање облека за „Конверс“ или како модел на „Келвин Клајн“.

Таа е подготвена да продолжи да го покажува својот талент како актерка со три претстојни проекти за „Нетфликс“, вклучувајќи го и продолжението на „Енола Холмс“. А нејзиниот хонорар ја прави најплатена млада ѕвезда под 20 години.

Стримерот, наводно, ќе ѝ плати на 18-годишната актерка 10 милиони долари за да ја повтори улогата на Енола Холмс, помладата сестра на детективот Шерлох Холмс.

Браун првпат ја презеде улогата во 2020 година. Иако ѝ беше платена значителна сума, се очекува нејзиниот хонорар за продолжението на „Енола Холмс“ да влезе во историјата.

Според „Вараети“, доколу навистина добие 10 милиони долари за „Енола Холмс 2“, тоа ќе биде најголема цифра исплатена на актерка или актер помлади од 20 години.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста