Утрински Весник
Спорт

„Милионерите“ ги скротија Волфси и ги прескокнаа на табелата

„Милионерите“ ги скротија Волфси и ги прескокнаа на табелата

Тежок, но заслужен триумф оствари попладнево Борусија Дортмунд на својот стадион против екипата на Волсфсбург со 2-0 во рамки на 14 коло во германската Бундеслига.

Во отворен меч со голем број упатени удари кон двата гола, домашниот тим беше поконкретен и стигна до осмата сезонска победа со која се искачи на четвртата позиција на табелата.

Резултатот го отвори Акањи во 66 минута, а конечните 2-0 беа дело на Џејдон Санчо во 91 минута од мечот. Санчо беше и асистент при првиот погодок на мечот.

Халанд не успеа да се запише во листата на стрелците, па беше заменет во 81 минута.

Волфсбург по поразот остана на шестата позиција на табелата со 24 поени.

> „Милионерите“ ги скротија Волфси и ги прескокнаа на табелата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето

Македонските ракометари реваншот го играат на домашен терен

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант