Утрински Весник
Спорт

Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година

Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година

Минхен, 7 април 2020 (МИА) – Томас Милер останува во Баерн до 2023 година. Напаѓачот, чиј договор со Баварците завршуваше наредното лето, ја продолжи соработката со клубот и на „Алијанц арена“ ќе остане уште две дополнителни сезони.
Милер во Баерн пристигна во 2013 година што значи дека до истекот на новиот договор ќе има децениски стаж во клубот во кој, најверојатно, и ќе ја заврши кариерата.
На денешното потпишување на договорот присуствуваа Оливер Кан, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ кои истакнаа задоволство што германскиот репрезентативец останува во нивниот ростер.
Милер моментно е лидер по асистентенциите за гол во петте најсилни фудбалски лиги во Европа. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара