Утрински Весник
Спорт

Миленковиќ во 93. минута ја однесе Фиорентина во полуфинале на Копа Италија

Миленковиќ во 93. минута ја однесе Фиорентина во полуфинале на Копа Италија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фиорентина со играч помалку успеа да ја шокира Аталанта на гости за 3:2 победа и пласман во полуфиналето на Копа Италија во драматичен меч во Бергамо.

Поранешниот фудбалер на Милан, Кшиштоф Пјонтек ги донесе Фиорентина во водство во деветтата минута со гол од пенал, но Аталанта прво израмни преку Давиде Запакоста во 30. минута, пред Жереми Бога да направи целосен пресврт во 56. минута за 2:1 за домаќините.

Пјонтек повторно доби шанса во 71. минута од белата точка, но овојпат откако неговиот удар беше одбранет ја смести топката во мрежата за израмнување.  Фиорентина останаа со 10 играчи по вториот жолт картон на Мартинез Кварта во 79. минута, пред замената Миленковиќ да го комплетира изненадувањето во 93. минута за голема победа за Виола.

Фиорентина во полуфиналето на Купот може да се сретне со Јувентус и нивната поранешна прва ѕвезда Душан Влаховиќ, бидејќи во последното четврт-финале вечерва Јуве го пречекува Сасуоло. Во второто полуфинале играат градските ривали Интер и Милан.

> Миленковиќ во 93. минута ја однесе Фиорентина во полуфинале на Копа Италија <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер