Утрински Весник
Спорт

Милевски: Ќе одлучи тимската игра, а се надевам дека Македонија ќе го диктира ритамот

Dik 300x250 mk

Фудбалската репрезентација на Македонија го продолжува патот во Лигата на нации, утревечер (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ гостува селекцијата на Грузија. Ривалот има две победи после два натпревари и сигурно тоа е дополнителен предизвик за селекторот на нашиот национален тим, Благоја Милевски.

„Ги анализиравме Грузијците, одиграа против Бугарија одличен натпревар, но секој меч е приказна за себе, ќе видиме што ќе се случува утре. Тој бараж – натпревар против Грузија нема никаква конекција со овој утрешниот. Ова е тимска игра, победува тимот и се надевам дека ќе имаме добро издание и дека Македонија ќе го диктира ритамот“, изјави Благоја Милевски.

Голманот Столе Димитриевски очекува голема поддршка од фановите на утрешниот меч против Грузија.

„Јас уживам кога играме на домашен терен. Искрено, чувството е многу поинакво. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број и дека ќе не бодрат, ние ќе им се оддолжиме со голема борба, и се надевам со победа. Мојата мисија е да ја сочувам мрежата“, изјави Столе Димитриевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утревечер, на арената „Тодор Проески“.

> Милевски: Ќе одлучи тимската игра, а се надевам дека Македонија ќе го диктира ритамот <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане