Утрински Весник
Спорт

Милевски го објави списокот дуелите со Шпанија и Фарските острови

Милевски го објави списокот дуелите со Шпанија и Фарските острови
Dik 300x250 mk

Селекторот на младата репрезентација на Македонија Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревар со Шпанија и Фарските острови на 3 односно 8 септември. Македонија најпрвин ќе ја пречека Шпанија, а потоа ќе гостува кај Фарските острови.

На списокот на селекторот има 24 играчи, шестмина од нив се дебитанти (Алчевски, Тодоровски, Тошевски, Младеновски, Шеји и Фазлиу), а на спискот ги нема Атанасов и Абаз бидејќи во моментов немаат клубови и Хајдари кој е повреден.

Голмани: Ристе Јанков (Работнички), Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев)

Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Никола Серафимов (Академија Пандев), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Фремад Амагер, Данска)

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ, Кипар), Кристијан Ацковски (Брегалница), Енис Фалгаиќ (Жилина, Словачка), Димитар Тодоровски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Ердон Даци (Коњаспор, Турција)

Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Кристијан Трапановски (Академија Пандев), Давид Тошевски (Ростов, Русија), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Марко Ѓоргиевски (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим Фазлиу (Пелитер).

> Милевски го објави списокот дуелите со Шпанија и Фарските острови <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони