Утрински Весник
Спорт

Милвоки преку Бостон до второто место на Истокот

Милвоки преку Бостон до второто место на Истокот

Актуелните шампиони во НБА лигата, Милвоки Бакс, во плејофот влегуваат од втората позиција на Истокот. Милвоки ги победија Бостон Селтикс со 127:121, ја обезбедија втората позиција и во исто време им овозможија на мајами Хот да бидат први во Источната конференција.

Бостон, без Џејсон Тејтум, не успаја да го изненадат шампионот. Јанис Адетокумбо со 29 поени и 11 скока, односно Крис Мидлтон со 29 поени и по осум скока и асистенции го предводеа Милвоки.

На спротивната страна 29 поени постигна Маркус Смарт, а Џејлен Браун забележа трипл-дабл од 22 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Торонто ја победи Филаделфија со 119:114. Извесно е дека Филаделфија ќе влезе во плејофот од четвртото место, а Торонто од петтата позиција.

Паскал Сијакам со трипл-дабл од 37 поени, 11 скока и 12 асистенции ги предводеше Репторси до победата. Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 3 поени и 10 скока.

Изминатата ноќ седмото место на Западот го обезбеди Минесота. Тимбервулвс забележаа победа над Сан Антонио 127:121. Минесота ќе игра плејин за место во плејофот.

Ентони Едвардс постигна, рекордни во кариерата 49 поени.

> Милвоки преку Бостон до второто место на Истокот <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина