Утрински Весник
Спорт

Милвоки пред елиминација – Мајами на победа до финалето

Милвоки пред елиминација – Мајами на победа до финалето

Победа ги дели кошаркарите на Мајами Хит од пласман во финалето на Истокот. Хит водат со 3-0 во серијата против Милвоки Бакс. Третиот меч Мајами го добија со 115:100.

Мајами одиграа брилијантно во последната четвртина, во која постигнаа 40, а примија само 13 поени. Претходно Милвоки ја испуштија шансата да го решат мечот откако во третиот период имаа водство од 14 поени (87:73).

Џими Батлер го предводеше Мајами до третата победа во серијата со 30 поени, седум скока и шест асистенции, Бем Адебајо забележа 20 поени и 16 скокови, Џеј Краудар 17, а Горан Драгиќ 15 поени.

На спротивната страна Јанис Адетокумбо беше на асистенција до трипл-дабл (21 поен, 16 скока, 9 асистенции), Лопез постигна 22, а Мидлтон 18 поени.



> Милвоки пред елиминација – Мајами на победа до финалето <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал