Утрински Весник
Спорт

Мила Рељиќ освои бронзен медал на Президенс куп во Шведска

Мила Рељиќ освои бронзен медал на Президенс куп во Шведска

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Македонката Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на меѓународниот таеквондо натпревар Президенс куп Г2 одржан од 18-23 февруари во Хелсингборг, Шведска.

Рељиќ која е член на таеквондо клубот Тигри-Скопје настапи во категоријата -68 кг.

– На пиедесталот бевме со светските велесили, Америка и Русија. Освоивме бронзен медал на Европскиот Президенс Г2 куп, на кој настапија 65 земји со 1.500 натпреварувачи. Ова е огромен успех по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и златниот медал на Босна опен Г1, натпревар и бронзен медал на Галеб опен Г1. Рељиќ минатата година беше пласирана на 5. место на Европското клупско првенство во Солун и 6-та на Мулти-Европските игри одржани во Софија, изјави Александар Ефтимов, тренерот на Мила Рељиќ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026