Утрински Весник
Спорт

Милан ја спасува кариерата на лошото момче Јовиќ

Хорор за Лука Јовиќ – не е викнат во српската репрезентација
Dik 300x250 mk

Милано, 19 јуни 2020 (МИА) – Милан ќе се обиде да ја спаси кариерата на Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач беше привлечен со големи очекувања од Реал Мадрид на почетокот на сезоната, но не успеа да ги оправда платените скоро 60 милиони евра за него.

Јовиќ не успеа да ја искористи својата шанса на „Бернабеу“, па може да си ја проба среќата на друго место. Така, Милан стигнува до младиот Србин. Според „Ел Мундо Депортиво“, „росонерите“ се подготвени да го позајмат Јовиќ за две сезони.

И самиот Јовиќ сака да се пресели во Милано и повторно да се соедини со Анте Ребиќ, со кого оформи силен напад во Ајнтрахт Франкфурт. В

о сезоната 2018-2019, Србинот постигна 27 гола за германскиот клуб.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс