Утрински Весник
Спорт

Милан со 75 милиони атакува по тројца млади играчи

Милан со 75 милиони атакува по тројца млади играчи

Калчолигашот Милан во следниот преоден рок на располагање ќе има 75 милиони евра за засилувања, а според пишувањата на италијански „Скај“, „Росонерите“ сакаат парите да ги искористат за да донесат по еден играч во одбраната, средниот ред и во нападот.

Најголемиот дел од износот е планиран за Бреша, за еден од најголемите италијански фудбалски таленти, Сандро Тонали. Новиот тренер на Милан, Ралф Рангник наводно е воодушевен од игрите на 20-годишниот фудбалер од средниот ред.

Следен на листата на желби е Душан Влаховиќ (20), напаѓачот на Фиорентина. Српскиот голгетер на 29 меча за „виолетовите“ сезонава има постигнато 9 гола.

Третата желба на „црвено-црните“ е стоперот на Селтик, Кристофер Ајер. За 22-годишниот Норвежанец интерес има и во Премиерлигата, па оттаму ќе доаѓа конкуренцијата на Милан.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал