Утрински Весник
Спорт

Милан може да го купи Милик од Наполи

Наполи и Ливерпул се пласираа во осминафиналето на ЛШ

Милано, 1 април 2020 (МИА) – Милан е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесува „Калчомеркато“.

Според изворот, росонерите бараат напаѓач поради заминувањето на Кшиштоф Пјонтек и евентуалното заминување од екипата на Златан Ибрахимовиќ.

Наполи бара 35 милиони евра за Милик. Претходно во медиумите се појавија информации за интересот за играчот од Тотенхем и Шалке.

Милик дојде во Неапол летото 2016 година за 32 милиони евра. На 22 одиграни натпревари оваа сезона, 26-годишниот полски фудбалер постигна 12 голови. Неговиот договор со клубот е со важност до летото 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство