Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Милан Кнежевиќ: Очекуваме формирање влада во Црна Гора до почетокот на октомври

Милан Кнежевиќ: Очекуваме формирање влада во Црна Гора до почетокот на октомври
Img 7972

Парламентарните избори во Црна Гoра завршија минатата недела, победниците и губитниците се познати веќе подолго време, но не и кој и со кого ќе ја формира новата влада.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт и Коалицијата за иднината на Црна Гора, Милан Кнежевиќ, изјави дека очекува формирањето на парламентот и новата влада во Црна Гора да бидат до крајот на септември или најдоцна во првите денови од октомври.

„Постојат јасни законски процедури, бидејќи гласањето ќе се повтори на одредени избирачки места … По објавувањето на овие резултати, мора да го конституираме парламентот во рок од 15 дена, а потоа да му испратиме писмо на претседателот Мило Ѓукановиќ дека имаме парламентарно мнозинство, односно дека имаме 41 и повеќе пратеници и да побараме мандат за состав на новата“, рече Кнежевиќ за ТВ Пинк.

Тој исто така изјави дека не очекува какви било напнати ситуации, бидејќи, додаде тој, самиот Мило Ѓукановиќ го призна поразот на неодамнешните избори.

„За него е јасно дека ги изгуби изборите со непромислени потези, особено со Законот за слобода на вероисповед“, рече Кнежевиќ.

Тој исто така вели дека неговата коалиција сака стабилна влада, како и дека Црна Гора никогаш повеќе нема да биде антисрпска држава и дека јасно ќе одлучи за членството во ЕУ.

„Ние сакаме да формираме стабилна влада со партиите на малцинските народи и затоа мора да ги развиваме односите со најблиските и најбратски држави, особено со Србија, Руската Федерација, Република Српска, БиХ …“, рече Кнежевиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне