Утрински Весник
Спорт

Милан и Севилја се договорија, Кјер останува „росонер“ и во иднина

Милан и Севилја се договорија, Кјер останува „росонер“ и во иднина

Првото летно засилување за Милан ќе биде дефанзивецот кој веќе настапува во „црно-црвениот“ дрес, Симон Кjер.

Данецот како позајмен играч од Севилја настапува за клубот од „Сан Сиро“, а информациите се дека двата клуба се договориле тој и понатаму да остане во Милано.

„Росонерите“ купувањето на данскиот стопер ќе ги чини 3.5 милиони евра, а утре би требало да се официјализира целата работа. Милан за мала сума во своите редови носи квалитетен и искусен дефанзивец.

Тој во Милан е од јануари, а со своите игри по рестартот на сезоната се „забетонира“ во првата постава на Пиоли.

Останува да се види дали со доаѓањето на Ралф Рангник нешто ќе се смени во дефанзивната линија на миланскиот клуб.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал

О’Саливен испиша историја во снукерот