Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Милан добиле преку 200.000 барања за билети за мечот со Аталанта

300x250 opst2

Фудбалерите на Милан во недела ќе ја пречекаат Аталанта, со победа ќе направат џиновски чекор кон шампионската титула. Поради тоа за овој меч, последен на домашен терен во оваа сезона, владее огромен интерес.
.
„Сан Сиро“, кој има капацитет од 80.018 седишта е распродаден. Од клубот информирале дека добиле над 200.000 барања за купување билети.

Росонерите во моментов се лидери во Серија А со два бода предност во однос на второпласираниот Интер, кој е и негов најголем ривал. За шампионската титула треба да освојат четири бода во последните две кола.

Во последното коло избраниците на Стефано Пиоли ќе играат против Сасуоло.

Милан ја освои својата последна титула во Серија А во сезоната 2010/11 и навивачите со нетрпение чекаат да го повторат успехот.

> Милан добиле преку 200.000 барања за билети за мечот со Аталанта <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел