Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од Украина.

„ Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник. Немаме ништо со ова и нема да имаме ништо, гарантирам“, изјави тој, критикувајќи уште еднаш за вмешаноста на премиерот Андреј Пленковиќ во Украина.

По настаните во 2014 година, со кои започна конфликтот во Украина, приказната беше следна – Украина оди на запад, нема што да бараме со Русија, царинската унија со Русија и поранешните советски држави е лоша за Украина, а во ЕУ ќе тече мед и млеко“ рече Милановиќ.

Според него, ситуацијата нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден, каде тој гледа недоследност и опасно однесување.

„ Ова се случува во предградијата на главниот град на Русија и постојат начини да се спаси Украина, барем 99 отсто, за да и се помогне економски“, рече Милановиќ.

Можете да прочитате

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија