Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Ако Украина добива кандидатски статус за ЕУ, треба да добие и Босна и Херцеговина

Доколку Украина стане кандидат за ЕУ, хрватската влада мора категорично да услови Босна и Херцеговина да стане истиот ден, изјави во Охрид хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Ако Украина може да добие кандидатски статус во сегашната состојба и од која сакам да излезе што е можно поскоро, тогаш нултата точка на хрватската надворешна политика, националната политика, безбедносната политика треба да биде Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус“, изјави Милановиќ.

Хрватскиот претседател нагласува дека не се противи на кандидатскиот статус на Украина, но БиХ е во подобра состојба во однос на безбедноста и секоја друга смисла, и нема причина, ниту економска, ниту безбедносна, ниту човечка, БиХ да не го добие тој статус доколку Украина го добие.

„Очекувам дека владата и нејзините претставници, кога станува збор за доделување кандидатски статус на Украина, категорично ќе условуваат да го добие и БиХ“, рече тој.

Милановиќ учествува на Форумот во Преспа во Охрид, а во петокот се сретна со македонскиот колега Стево Пендаровски. Милановиќ се противи на бугарската блокада и повеќепати јавно ја критикуваше официјална Софија поради тоа.

„Кандидатскиот статус е надеж. Македонија предолго живее со таа надеж, изненаден сум што не ја изгубија и постои опасност луѓето да се оттргнат од неа, да сфатат дека ги влечат за нос“ тој рече.

„Останува на Бугарите да видат каде води ова и да ги почнат овие преговори“, рече тој.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа