Утрински Весник
Спорт

Микс на фудбал и ММА! Хабиб и Сидорф отвараат фудбалска школа во Дубаи!

Микс на фудбал и ММА! Хабиб и Сидорф отвараат фудбалска школа во Дубаи!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Легендарниот поранешен фудбалер на Милан, Кларенс Сидорф и УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов формираа компанија „СК спортс холдинг“, која ќе отвори фудбалска школа во Дубаи со уникатна тренинг-методологија која ќе го комбинира фудбалот и ММА борбите.

Школата под име „Сидорф Хабиб перформанс клуб“ со помош на инвеститори од Дубаи ќе отворат првично една школа на Блискиот Исток со амбициозен план за уште 10 локации во следните пет години. Хабиб и Сидорф формираат партнерство со „ДМЦЦ“, компанија во сопственост на Ахмед бин Сулајем.

Сидорф е единствениот фудбалер во историјата со титули од Лигата на шампионите со три клуба (Ајакс, Реал Мадрид и Милан), а по крајот на кариерата отвори фудбалски школи во Суринам, САД и Холандија.

„Фудбалот ми даде могу во животот и сакам да вратам нешто назад. Пресреќен сум што сум во партнерство со Хабиб за заедно да влијаеме позитивно на следната генерација спортисти“, изјави Сидорф.

Хабиб, непоразениот поранешен УФЦ шампион, никогаш не ја криел својата страст кон фудбалот.

„Од мал сум љубител на фудбалот, и секогаш му се восхитував на Кларенс, не само како фудбалер, туку како и човек. Тој со себе носи одредени вредности кои ми значат многу“,изјави Хабиб.

> Микс на фудбал и ММА! Хабиб и Сидорф отвараат фудбалска школа во Дубаи! <

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025