Утрински Весник
Македонија

Микиќ: Претпоставка е дека вакцинираните со БСЖ се поотпорни на Ковид-19

Микиќ: Претпоставка е дека вакцинираните со БСЖ се поотпорни на Ковид-19

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Постојат претпоставки дека лицата кои што ја примиле БСЖ вакцината се поотпорни на корона вирусот.

Ова денеска ги истакна доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на прес-конференцијата во Владата, нагласувајќи дека посебно во нашиот регион, односно на Балканот и нашата држава, се уште се дава доза од оваа вакцина.

-Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста на новиот вирус Ковид-19, сепак, се уште се работи за рана фаза од овие испитувања за да се донесе конкретен заклучок или пак да се препорача како мерка за масовна употреба, истакна Микиќ.

Информираше дека постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на Ковид 19 кај некои лица, како што е и со третманите коиѓто се користат и оти стручната јавност и епидемиолозиите ги следат сите препоракии. бк/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија