Утрински Весник
Спорт

Микел Хансен поради здравствени проблеми ја заврши сезоната

Микел Хансен поради здравствени проблеми ја заврши сезоната

Микел Хансен, еден од најдобрите ракометари во светот, поради болест ја заврши сезоната. Данецот има воспалена на вена во комбинација со белодробна емболија.

Неговиот клуб, ПСЖ, соопшти дека Хансен е тешко болен и дека поради тоа ја завршил сезоната. Клубот потенцира дека Хансен е надвор од животна опасност.

Хансен ќе паузира од четири до шест месеци.

На овој начин Хансен го заврши својот престој во ПСЖ, од наредната сезона тој ќе настапува во Олборг.

Микел Хансен е олимписки, светски и европски првак со Данска. Во кариерата три пати бил прогласуван за најдобра во светот.

> Микел Хансен поради здравствени проблеми ја заврши сезоната <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал