Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мизрахи носела кадровски решенија дента кога била покрената постапката за нејзино разрешување

Спасовски бара разрешување на Мизрахи
Img 7972

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Рашела Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика.

Ова го соопшти Владата по синоќешната седница на која е усвоена одлука за поништување на решенијата донесени од Мизрахи.

-На оваа своја седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието на Република Северна Македонија беше покрената постапка за нејзино разрешување, се наведува во соопштението од Владата.

Мизрахи беше разрешена рано утрото во саботата по маратонската собраниска седница која траеше до речиси пет часот. мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник