Утрински Весник
Македонија

Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје

Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршиле комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.

Миењето и дезинфекцијата, како што информираа од ЈП, се вршело веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода и течност за дезинфекција.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спровеле и комплетно миење на микролокациите каде што се поставени контејнерите, со помош на автоцистерни.

Активностите, како што информираат од ЈП, ќе продолжат да се одвиваат континуирано со цел да се подобри хигиената на надземните и подземните контејнери, како и на самите јавни површини и воедно да се изврши превенција од можното ширење на заразни заболувања. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Измама: Му ветиле работа во црква, ја фотографирале личната карта и му земале кредит од 3.500 евра

Благајничка си земала пари од фирмата каде работела

Стар, мал и ограничен, колегите ни се смеат – Сиљановска-Давкова за владиниот авион