Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – На 10.05.2020 околу 09:40 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
На 10.05.2020 околу 18:00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека пред перална на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, Х.Д.(28) од Прилеп бил физички нападнат од две непознати лица, при што едно од лицата со нож му упатило закани. За случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.
На 10.05.2020 во 14:15 часот во Полициска станица Карпош, А.А.(25) од Скопје пријавил дека околу 11:10 часот на бензинска пумпа на подрачје на општина Карпош во Скопје, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат со боксирач од К.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(19) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 09.01.2020 на ул.„Гоце Делчев“ во Македонска Каменица полициски службеници при извршен преглед кај Н.Ј. пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Л.(20) од с.Луковица, Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.01.2020 на ул.„Гоце Делчев” во Македонска Каменица, полициски службеници при извршен преглед на патничко возило, управувано од М.Л. од с.Луковица, Македонска Каменица, кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.
Одделението за внатрешни работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ш.А.(22) од с.Ливада, Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.11.2019 во атар на с.Ижиште, Македонски Брод, полициски службеници, по издадена судска наредба, при преглед на патничко возило „фолксваген голф“, во сопственост на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе 14 кривични пријави против: Ѓ.Ч.(20), Б.К.(19), В.Н.(19), О.Е.(22), Р.М.(20), С.И.(28), Е.Д.(23), сите седуммина од Битола, В.Р.(32), Е.А.(30), Ф.Р.(34), Џ.Ш.(31), Г.Р.(27), сите петмина од Прилеп, Ш.Р.(38) од Кичево, Т.М.(29) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените во периодот од 04.04.2020 до 06.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. фф/сп/