Утрински Весник
Македонија

МЗ ќе формира работна група за вршење увид во изворен код на апликацијата „СтопКорона!“

Словенечки лингвисти работат на „корона-речник”

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница ја разгледа и усвои „Информација за преземање на потребни дејствија за мобилната апликација „СтопКорона!“.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи министерот за здравство Венко Филипче да донесе решение за формирање на работна група за вршење увид во изворен код на мобилната апликација „СтопКорона!“, составена од независни членови со соодветни познавања. Нивна задача ќе биде да извршат проверка на соодветност на изворниот код со намената и целта на апликацијата, како и нејзина безбедноста.

Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација по завршување на потребата од постоење на апликацијата „СтопКорона!“, да предаде копија од виртуелната машина на Министерството за здравство заедно со целокупната база на податоци, да ја изгасне наведената виртуелна машина и трајно да ја избрише, како и трајно да ги избрише сите податоци кои се зачувуваат за потребите на функционирањето на апликацијата.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проширување на функционалноста на Владиниот контакт центар и во други институции за компаниите и граѓаните во врска со информации за економските мерки и другите поврзани мерки за Ковид-19.

-На овој начин ќе се овозможи поуспешна поддршка на компаниите и граѓаните, да им се одговори на прашањата што ги имаат за економските и други поврзани мерки, навремено и во целост со компетентна стручна помош, се вели во соопштението од Влада. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара