Утрински Весник
Македонија

МЗ: Се прават последни технички прилагодувања на веб-страницата за пријавување за вакцина

МЗ: Се прават последни технички прилагодувања на веб-страницата за пријавување за вакцина

Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19.

Оттаму додаваат дека ќе информираат повторно штом ќе се овозможи целосна функција на веб-страницата.

Инаку, од денеска е пуштена во употреба веб-страницата на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19. Сајтот од утрово има проблеми, а граѓаните се жалеа дека воопшто не можеле да ја отворат страницата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Транспаренси Интернешнл Македонија: 2025 година во знакот на тешки коруптивни афери

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вршеле рекет сред пандемија