Утрински Весник
Македонија

МЗ: Пациентот од Куманово кој синоќа почина на Инфективна бил заболен од коронавирус

Пациент со западно-нилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Скопје, 3април 2020 (МИА) – Пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од коронавирус, информираат вечерва од Министерството за здравство.

За овој пациент, Министерството за здравство информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со ново дијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на Ковид-19.

-Неговиот резултат позитивен на Ковид-19 пристигна попладнево, а овој случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде евидентиран во утрешниот извештај. Пациентот беше донесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со тешко дишење и ниска сатурација, а од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија

Ладна ноќ е пред нас – Можна е појава дури и на слаб мраз!

Водата во езерото „Младост“ е загадена со фекалии, нема услови за порибување