Утрински Весник
Македонија

МЗ: На само стотина метри од протестот на ВМРО-ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти

МЗ: На само стотина метри од протестот на ВМРО-ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти

Ако на опозициската партија и беа важни граѓаните, пациентите, нивните семејства, лекарите, сестрите, другиот медицински персонал, ВМРО-ДПМНЕ немаше да протестира на место каде има најголем број хоспитализирани пациенти во државата, соопшти Министерството за здравство.

Од министерството велат дека жалат што опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, има за цел да ја спречи битката на здравствените работници и да ја спречи набавката на вакцини против Ковид 19.

„ На само стотина метри од протестот на ВМРО-ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти. На само стотина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ, работат здравствените работници, макотрпно, без да се штедат, се борат со вирусот и им ја даваат потребната нега на болните. ВМРО ДПМНЕ денеска одбра да шири несигурност во Клиничкиот блок, наместо да ги остави лекарите и медицинскиот персонал да бидат концентрирани и посветени на пациентите. Додека ВМРО ДПМНЕ смислуваа партиски говори, полни со лаги и обвинувања утрово министерот за здравство Венко Филипче, со директорите на Ковид центрите зборуваше за обезбедување на нови легла за хоспитализација, ја дискутираа состојбата на пацинетите и кои им се потребите на Клиниките.

Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот, криза во која солидарноста меѓу земјите е издигната на највисоко ниво. Во моментов во цел свет се води битка за набавка на вакцини, во цел свет има притисок врз болниците, во многу земји низ Европа, пациенти се префрлаат од една во друга земја, за да бидат болнички згрижени, нашите здравствени работници со натчовечки напори го дават максимумот да одговорат на потребите на пациентите. Министерството за здравство ја повикува опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да престане да го опструира процесот за набавка на вакцини измислувајќи сценарија, фалсификат документи и ширење лаги“ соопшти министерството.

Оттаму ја повикуваат опозициската партија да престане со протести обидувајќи се да шири немир меѓу болните, нивните семејства, здравствените работници и сите граѓани.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации