Утрински Весник
Македонија

МЗ: На клиниките за Кардиохирургија и Урологија во тек е трансплантација на срце и бубрези

МЗ: На клиниките за Кардиохирургија и Урологија во тек е трансплантација на срце и бубрези

Министерството за здравство информира дека утрово на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42 – годишна пациентка која ја загуби битката со животот, а нејзина последна желба беше да ги донира своите органи. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 – тина години кои се на дијализа“, соопшти Министерството.

Почнувајќи од мај 2020 до сега се извршени експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега, едно коскено ткиво.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“