Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МЗ: Намален бројот на пациенти во ковид центрите во Скопје, за 24 часа хоспитализирани 12 лица

Регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, починати се 36 лица
Img 7972

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град,голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 3 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 300 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информира МЗ.

Можете да прочитате

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја

Филипче: Како да задржиме млад човек во државата со ниски плати кои не покриваат трошоци?