Утрински Весник
Македонија

МЗ: Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса

МЗ: Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство и апелира граѓаните да не потпаѓаат под оваа манипулација.

-Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација, се вњли во соопштението од Министерството за здравство.

Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје