Утрински Весник
Македонија

МЗ: До 11 часот не се регистрирани новозаболени од коронавирус

Патникот од Дубаи нема коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Министерството  за здравство соопшти дека денеска до 11 часот не се регистрирани новoзаболени пациенти со коронавирус во земјата.

Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот. Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата, стои во соопштението.

Во текот на денот, како што се посочува, епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.

Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација, информираат од Министерството за здравство. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови