Утрински Весник
Македонија

МЗ: Вчера се вакцинирани 11.104 граѓани

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани, информира министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а се вакцинирале вкупно 11.104 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани.

Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација и непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422 граѓани, стои во известувањето од министерството.

Од таму додаваат дека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арена- СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила