Утрински Весник
Македонија

МЗ: Бројката на новозаболени од коронавирус до 10 часот е 19, вкупно 67 заболени

МЗ: Бројката на новозаболени од коронавирус до 10 часот е 19, вкупно 67 заболени

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Бројката на новозаболени од коронавирус до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, информира Министерството за здравство.

Оттаму соопштуваат дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице.

– Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија, информира Министерството.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

Од Министерството наведуваат дека на клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот. мс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Се очекува во декември да бидеме најдобри во делот на Реформската агенда и Планот за раст