Утрински Весник
Македонија

МЗШВ: Секој млад земјоделец што ќе ги исполни условите ќе добие неповратни 20.000 евра

МЗШВ: Со новите законски измени се олеснуваат условите за производство на вино во малите винарии

Скопје, 11 февруари 2020

Министерството за за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ги демантира информациите инзнесени од страна на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски, на дел од порталите и социјалните мрежи дека :

„ …..само 160.000 евра за поддршка и потикнување на земјоделско производство…..во 2020 година грант од 20.000 евра ќе може да добијат само 8 земјоделци“. Трипуновски како поранешен вработен во МЗШВ, треба да знае дека Програмата за рурален развој е програма којашто опфаќа и мерки кои предвидуваат и инвестиции, и од тие причини во текот на годината се врши реалокација на финансиски средства за оваа Програма.

Вистината е следна: Откако ќе заврши рокот за поднесување на барања за мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, односно после 10-ти март годинава и откако ќе се спроведе законската евалуација на сите притигнати апликации, ќе се добие точна слика за побараната сума и планираните инвестиции на подносителите на барања. Потребната сума за исплата на сите што ќе ги исполнат условите ќе биде обезбедена. МЗШВ и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги уверува земјоделците, дека секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

Затоа ги повикуваме сите млади земјоделци, слободно да поднесуваат барања за неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра и да не потпаѓаат под манипулациите на Трипуновски, којшто во трката за прибирање политички поени не бира средства, без при тоа да размислува дали нанесува штета на земјоделството, во случајот на младите земјоделци коишто имаат желба да се занимваат со земјоделство.

Министерство за за земјоделство, шумарство и водостопанство

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот