Утрински Весник
Македонија

МЗШВ: Донесени забрани за риболов заради непречен природен мрест на рибите

Во Крива Паланка се одржа општински натпревар во риболов на пливка

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.

Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk, наведува Министерството. мч/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!