Утрински Весник
Македонија

МЗ:Целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на целата држава

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

Оваа одлука, соопштија од Министерството за здравство, е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превземените мерки дадоа одредени резултати.

– Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови. Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи. Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини, стои во денешното соопштение од МЗ.

Од МЗ апелираат дека граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.

Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра.

– Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот, се подвлекува во соопштението. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Началник од Демир Хисар разрешен поради непрофесионално однесување

Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија