Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

МЗТ се раздели со тренерот Кочов

МЗТ се раздели со тренерот Кочов
Img 7972

Ѓорѓи Кочов повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Клубот и Кочов договориле спогодбен раскин на договорот. Отказот е последица на вчерашниот пораз од Академија ФМП.

„Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата“, се наведува во соопштението објавено на клупската интернет страница.

Кочов на клупата на МЗТседна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година.
МЗТ, информира дека со тимот, до именување на нов тренер, ќе работи првиот помошник на Кочов, Дарко Радуловиќ.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk

> МЗТ се раздели со тренерот Кочов <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН