Утрински Весник
Спорт

МЗТ најде замена за Гочер – Барнет е нов играч на „штрковите“

МЗТ најде замена за Гочер – Барнет е нов играч на „штрковите“

МЗТ Скопје Аердром експресно најде замена за Тодрик Гочер, кој се пресели во Месолонги. Нов играч на МЗТ е американскиот интернационалец Доминез Барнет. 28-годишниот бек со МЗТ потпишал договор до крајот на сезоната.

Барнет од 2016 година настапува како професионалец во Европа, а претходно бил дел од Девенпорт Универзитетот во НЦАА-лигата.

Прв европски клуб му е Пардубице, каде што одигра една ипол сезона во која беше најдобар стрелец во првенството во Чешка. Поради тоа, во јануари 2018 година неговиот договор беше откупен од летонски Вентспилс, со кого ја освои шампионската круна.

Потоа го носеше дресот на италијанскиот тим Универсо Тревисо со кој беше првак во Серија А2, по што се пресели во силната ВТБ-лига и рускиот тим Цмоки од каде што дојде во МЗТ.

Барнет ќе дебитира во дресот на МЗТ на вториот турнир од АБА2-лигата во Бања Лука, кој почнува на 18 јануари.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk

> МЗТ најде замена за Гочер – Барнет е нов играч на „штрковите“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ