Утрински Весник
Спорт
Img 7972

МЗТ и Ловќен пред празни трибини поради состојбата со коронавирусот

МЗТ и Ловќен пред празни трибини поради состојбата со коронавирусот
300x250 opst2

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Натпреварот од 22-то коло од АБА Лига 2 помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Ловќен ќе се игра пред празни трибини, со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19.

Одлуката да се игра пред празни трибини во арената „Јане Сандански“, е донесена откако Владата на Северна Македонија ги забрани сите масовни јавни настани со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Бидејќи инфекцијата со коронавирус е присутна во повеќето земји, учеснички во АБА-лигата и во согласност со препораките на надлежните министерства на соодветните земји, АБА-лига ги извести сите свои клубови во врска со чекорите што треба да се преземат во однос по ова прашање

Во исто време, АБА-лигата ги повикува сите учесници и навивачи во арените строго да се придржуваат кон упатствата, издадени од Светската здравствена организација и релевантните државни служби со цел заштита и спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.

– Високото ниво на совест, комуникација и координирана работа се од витално значење во овој момент. АБА-лига, како и секогаш, внимателно ќе ги следи случувањата во оваа област и во договор со клубовите ќе направи дополнителни соодветни чекори, пишува на сајтот на регионалната лига.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026