Утрински Весник
Спорт

МЗТ имаше сили за едно полувреме, пораз од Спарс

МЗТ имаше сили за едно полувреме, пораз од Спарс

МЗТ Скопје Аеродром, ослабен и со нов тренер, беше одличен во едно полувреме, но на крајот загуби со 76:68 (23:13, 10:20, 22:18, 21:17) од Сараево Спарс, со кој клубот од Босна и Херцеговина се пласираше во плејофот на АБА2 лигата.

По првото полувреме беше израмнето на 33:33, а израмнетата игра траеше до само четири и пол минути пред крајот на мечот (62:62), пред Спарс да направат 8:0 серија од која немаше враќање. Со осмата победа оваа сезона, клубот од БИХ се пласираше во плејофот за влез во АБА лигата, а МЗТ има 6-5 скор и ќе мора да се потруди за да остане во позициите кои носат во плејоф.

> МЗТ имаше сили за едно полувреме, пораз од Спарс <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига