Утрински Весник
Македонија

МЖСПП со 9 милиони денари ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Крушево

МЖСПП со 9 милиони денари ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Крушево

Околу 5.000 жители на градот Крушево конечно треба да ги надминат проблемите со водоснабдувањето, по реализација на инфраструктурните зафати финансирани со 9 милиони денари, средства кои што Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги доби со ребалансот на буџетот за годинава.

Со ребалансот на буџетот за 2020 година, на ова министерство му беа доделени финансиски средства во вкупна вредност од 165 милиони денари за реализација на проекти од областа на животната средина. Од нив, како што соопштува Општина Крушево, 9 милиони денари се наменети за водоснабдителен систем, поточно за реализација на инфраструктурен проект за изградба на водовод за градот Крушево.

„Со овие средства конечно ќе ги надминеме сите проблеми со водоснабдување на општина Крушево. За многу брзо ќе ставиме крај на овие проблеми со водата и градот ќе има водоснабдување како што доликува на еден туристички град, а воедно и услугите кон граѓаните ќе бидат на високо ниво,“ изјави градоначалникот, Томе Христоски.

Инаку, жителите на градот Крушево речиси секоја година се соочуваат со проблеми со водата. Низ годините се правеа повеќе обиди на локалните власти да дојдат до дополнителни извори во Општина Македонски Брод, но, очигледно не се најде адекватно решение.

И во текот на летниот период и во текот на зимата делови од градот остануваат без вода, а тоа секако бележи негативни реперкусии врз туристичката мапа на градот, имајќи предвид дека ова живописно гратче, кое се наоѓа на највисока надморска височина на поранешните југословенски простори, е во фокусот на туристите во текот на целата година.

Оттука и надежите на љубителите на туризмот, а особено на љубителите на многу алтернативни спортови, чиј што центар Крушево стана последниве години, сега во многу подобри услови ги минуваат планираните туристички посети на градот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје