Утрински Весник
Македонија
Img 7972

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот
300x250 opst2

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ.

Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.

„Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката“, вели Столковиќ кој вчера останал до 21 часот во полициска станица за да даде изјава.

Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.

„Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал“, вели тој.

За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.

„Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот ’Монструм’, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола