Утрински Весник
Македонија

Меџити: ДУИ ќе раководи со три собраниски комисии, дилемата е околу европски прашања или образование

Меџити: ДУИ ќе раководи со три собраниски комисии, дилемата е околу европски прашања или образование

ДУИ ќе раководи со три собраниски комисии, истакна пратеникот Изет Меџити од ДУИ.

Тој рече дека засега е извесно оти ДУИ ќе раководи со комисијата за здравство и по дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија, но дилемата е дали Демократската унија за интеграција ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование.

Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на наградите „8 Септември“, Меџити изрази уверување дека деновиве ќе бидат избрани собраниските комисии.

Како што истакна Меџити, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две.

Во врска со пратеникот Исмаил Јахоски, кој на сајтот на Собранието беше ставен во групата на независни пратеници, Меџити рече дека станува збор за техничка грешка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот