Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мејведер сака 600 милиони долари за борба против Хабиб

Мејведер сака 600 милиони долари за борба против Хабиб
300x250 opst2

Лас Вегас, 5 март 2020 (МИА) – Непоразениот американски боксер Флојд Мејведер, изјави дека е подготвен да излезе против Хабиб Нурмагомедов или Конор Мекгрегор, но само доколку му се понуди надомест од 600 милиони долари.

Претходно, Нурмагомедов, сегашниот шампион во лесна категорија во УФЦ, предложи борба против Мејведер според посебни правила – 11 рунди бокс и една рунда ММА. Во август 2017 година Мејведер го победи Мекгрегор во натпревар во боксот.

– Има две имиња: Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов. Вреди 600 милиони долари. Ризикот треба да вреди. Не ја гледам поентата во борбата со обични борци. Јас сум деловен човек. Борбата со Конор има смисла затоа што донесе многу пари, рече Мејведер, цитиран од „Мирор“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025