Битола, 18 февруари 2020 (МИА) – Ученици од четири европски држави почнаа со реализација на заеднички меѓународен проект во рамки на програмата Еразмус +, а со цел обезбедување технолошки зајакнато училиште.
Прв домаќин на партнерските училишта беше ОУ „Елпида Караманди“ од Битола кое ги воспостави првите комуникациски врски со партнерските училишта во Шпанија, Полска и Турција.
-Задоволство е што училиштето „Елпида Караманди“ влегува во еден ваков проект и затоа што досега не се случило ова училиште да учествува во програмата „Еразмус плус“. Со овој проект дефинитивно се отвораат широки врати за размена на искуства меѓу наставниот кадар и ученицте. Не станува збор само за размена на искуства, туку и за дружење и проширување на видиците во воспитно-образовниот процес, истакна градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.
Проектот ќе се реализира две години, вклучени се 40 ученици, а за негова целосна реализација обезбедени се 122.000 евра. мт/вј/