Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ
300x250 opst2

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – На Факултетот за електротехника и информациски технологии  ФЕИТ во Скопје денеска ќе биде отворено 10. издание на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција РОБОМАК.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјава и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Self Racing Cars, Sumo, Line Follower, Maze, Machine learning, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од тие области.

Од ФЕИТ најавија дека на отворањето ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, деканот на ФЕИТ проф.д-р  Димитар Ташковски и на ректорот на УКИМ  проф. д-р Никола Јанкуловски.

Завршниот настан на неколкудневната манифестација е в сабота со почеток во 18 часот во Домот на АРМ.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост