Брентфорд, клубот од истоименото лоднонско предградие, се пласираше во баражот за влез во Премиер лигата по 3:1 победата над Свонси, елиминирајќи ја предноста од 1:0 од првиот меч на велшкиот клуб.
Брентфорд последен пат играше во тогашната Прва дивизија на Англија во сезоната 1946/47, и има поминато само четири сезони во елитата, додека пред само пет години настапуваше во третата англиска лига. Прикладно, овој меч беше последен на нивниот стар стадион „Грифин парк“, кој го користат од 1904 година.
Против Свонси, тие успеаја да ја поништат предноста на гостите во првите 15 минути од првото полувреме. Оли Воткинс во 11. минута и Емилијано Маркондес само четири минути подоцна донесоа 2:0 водство за Брентфорд, пред Брајан Мбеумо само што почна второто полувреме да зголеми на 3:0. Свонси успеа да намали на 3:1 преку Ријан Брустер во 78. минута, но тоа не беше доволно за бараж.
Во мечот на „Вембли“ кој ќе носи огромна финансиска заработка со самиот пласман во Премиер лигата, Брентфорд ќе игра со Фулам или со Кардиф на 4 август. Фулам првиот меч го доби со 2:0.
> Меч од соништата – Брентфорд ќе се борат за влез во елитата првпат од 1947 година! <