Утрински Весник
Свет

Мечка уби работник во зоолошка градина пред очите на посетителите

Мечка уби работник во зоолошка градина пред очите на посетителите

Мечка уби работник во зоолошка градина во Шангај пред посетители кои го гледале нападот од автобус, пренесува Би-Би-Си.

Несреќата се случила во саботата во дел од зоолошката наречен „област со диви ѕверови“. Видео од инцидентот, на кое се гледа како група посетители викаат додека го гледаат нападот, се прошири на кинеската социјална мрежа „Веибо“.

Зоолошката градина во Шангај на својата веб-страница соопшти дека „им е исклучително жал што се случила ваква трагедија“, додавајќи дека „им се извинуваат на посетителите за предизвиканата непријатност“.

Зоолошката градина објави дека ќе ги засили безбедносните мерки во „областа со диви ѕверови“.

Тоа е област во зоолошката градина каде што животните шетаат слободно наоколу, а посетителите можат да влезат само со автобус.

Инцидентот предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека мечката се однесувала како што се однесуваат дивите животни и дека единственото решение е затворање на зоолошките градини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години