Утрински Весник
Свет

Мечка нападнала жена во полско веце во Алјаска

Мечка нападнала жена во полско веце во Алјаска

Црна мечка се појавила на езерото Чилкат во Алјаска и нападнала жена која во тие моменти го користела полскиот тоалет.

Жената се здобила со повреди од каснување и од канџите на животното, пренесува Би-би-си.

Биологот од Алјаска, Карл Кох, претпоставува дека станува збор за црна мечка врз основа на фотографиите од траги што ги видел и сведоштвата на други луѓе кои живеат во близина, кои претходните денови испратиле фотографии од мечка на нивните имоти.

„Шерон Стивенс е единствената личност во светот на која ѝ се случило вакво нешто“, изјавил Кох.

Би-би-си пренесе дека Шерон Стивенс изјавила оти скокнала и врескала откако почувствувала касање додека го користела тоалетот, а откако го слушнал врисокот, нејзиниот брат отишол да види што се случува и ја здогледал мечката.

Жената го минувала викендот покрај езерото со нејзиниот брат Ерик и неговата девојка кога се случил инцидентот.

Следното утро, траги од мечката биле забележани низ целата околина.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија